Подобрување на виртуелниот пристап во Југоисточна Европа преку заеднички иницијативи кои го помагаат распространувањето на широкопојасните мрежи
македонски
Javascript must be enabled to continue!
За проектот

Најнови вести
Алатка за намалување на генералните трошоци
Ажурирано: 27-05-2014 13:45
Дигитализација на Грција со повеќе од 389 милиони евра од ЕУ фондови
Ажурирано: 04-04-2014 11:57
Најнови настани
Transnational Conference for the Improvement of Virtual Accessibility through joint initiatives facilitating the rollout of broadband networks in South East Europe
Ажурирано: 13-08-2014 22:39
Infoday and PPP Consultation in Italy
Ажурирано: 04-08-2014 10:49


Билтен

Внесете ја вашата e-mail адреса за да се претплатите на нашиот билтен:




        
Програма на Југоисточна Европа

Проектот SIVA е финансиран под приоритот бр. 3- Подобрување на пристапноста на Програмата Југоисточна Европа, постигнување и коресподенција на целите преку Област на Интервенции ((AoI) 3.2- Развој на стратегии поврзани со „дигиталната дивиденда“.

 

Според целите на програмата, пристапноста се смета за едно од главните барања за економски развој и раст, као и за територијална кохезија. Тој ги фасилитира движењата и интеракцијата помеѓу луѓето, како и размената на добра и идеи. Сите овие аспекти се од исклучителна важност за Југоисточна Европа. Постоечките мрежи во Југоисточна Европа се изразито фрагментирани или пак, се затворени во една држава или регион. Во најголем број од случаите, мрежите се со инфериорен квалитет, со метеж на постоечката инфраструктура и без развојни алтернативи и не можат да го задоволат постојано растечкиот број на потреби за транспорт. Целта на овој приоритет е да се промовира физичка и виртуелна пристапност во програмската област.

 

Генерално, Програмата на Југоисточна Европа цели да развие меѓународни партнерства за прашања кои се од стратешка важност, со цел да ја подобрат територијалната, економската и социјалната интеграција и да контрибуираат во кохезија, стабилност и компетитивност на регионот. За оваа цел, Програмата реализира проекти со висок квалитет, кои се ориентирани кон резултати и се од стратешки карактер за релевантниот регион. Програмата на Југоисточна Европа помага да се промовира подобра интеграција помеѓу земјите членки на ЕУ, земјите со кандидатски статус и оние со потенцијал за влез во ЕУ, како и  земјите од соседството. Регионаланта соработка во Програмата на Југоисточна Европа е есецијална, без разлика на различниот степен на интеграција на земјите. Стабилноста, просперитетот и безбедноста на регионот се од големо значење на ЕУ. 


The SIVA project is being funded under Priority Axis 3 – Improvement of the Accessibility of the South East Europe Programme, achieving the corresponding objectives through the Area of Intervention (AoI) 3.2 – Develop strategies to tackle the 'digital divide'.

Back to top