Подобрување на виртуелниот пристап во Југоисточна Европа преку заеднички иницијативи кои го помагаат распространувањето на широкопојасните мрежи
македонски
Javascript must be enabled to continue!
Новости

Најнови вести
Алатка за намалување на генералните трошоци
Ажурирано: 27-05-2014 13:45
Дигитализација на Грција со повеќе од 389 милиони евра од ЕУ фондови
Ажурирано: 04-04-2014 11:57
Најнови настани
Transnational Conference for the Improvement of Virtual Accessibility through joint initiatives facilitating the rollout of broadband networks in South East Europe
Ажурирано: 13-08-2014 22:39
Infoday and PPP Consultation in Italy
Ажурирано: 04-08-2014 10:49


Билтен

Внесете ја вашата e-mail адреса за да се претплатите на нашиот билтен:




        
Настани

Информативен ден за проектот SIVA во Скопје


На 7 јуни 2013, во ЕУ Инфо Центарот, YES бизнис инкубаторот ќе го презентираше проектот SIVA кој има за цел да го надминe дигиталниот јаз во земјите од Југоисточна Европа преку креирање на иновативни алатки за одлучување и решенија кои ќе го зголемат пристапот до широкопојасните (broadband) услуги.

Групите од интерес, односно интернет провајдерите, мобилните оператори, ресорните министерства, државни агенции и невладини организации, но и самите ИТ компании имаа можност да се информираат за позадината, очекуваните резултати и цели на пректот, моменталната понуда на широкопојасни услуги и нивните цени и прогресот на нивната стратегија за подобрување на пристапот до широкопојана мрежа на регионално и национално ниво.

Програмата за настанот опфати теми како позадина на проектот, цели и очекувани резултати, потоа законска рамка за обезбедување на броадбенд, миграција кон „новите генерации на мрежи“ од регулаторна перспектива, моменталната ситуација и предизвици на пазарот на широкопојасните услуги, како и информации за моменталните пакет широкопојасни услуги во земјата.

Покрај престваниците од YES бизнис инкубаторот кои го презентираат поектот и реузлтатие од истражувањето во него, на настанот свое обраѓање имаа претставници од различни институции, организации и компании, како Димитар Буковалов – Министерство за Информатичко Општество и Администрација, Игор Бојаџиев – Агенција за Електронски Комуникации, Димитар Јаневски – Vip оператор, Александар Доков- Blizoo Македонија, Филип Стојановски –Метаморфозис.

Заклучоците на настанот покажуваат дека Македонија се наоѓа близу до просекот на земјите од Југоисточна Европа во однос на пристап до широкопојани мрежи, но дека постојат значајни препреки во неговиот развој. Пред се, тоа се големите капитални трошоци за поставување на терминали до крајните корисници во тешко достапните подрачја, што предизвикува слаб интерст кај операторите., но од друга страна и  недостатокот на побарувачка од страна на жителите во овие подрачја.

Присутините се согласија дека сите граѓани треба да имаат можност за интернет пристап со еднакви услови и трошоци како фундаментално право во модерниот свет, согласно правата за еднаков пристап до информации.


Ажурирано: 21-11-2013 00:49


Назад

The SIVA project is being funded under Priority Axis 3 – Improvement of the Accessibility of the South East Europe Programme, achieving the corresponding objectives through the Area of Intervention (AoI) 3.2 – Develop strategies to tackle the 'digital divide'.

Back to top